Филм & ТВ

Том Хидлстон сака да биде следниот Џејмс Бонд

8. март 2016 - 16:03 | И.М.

Одамна кружат гласини дека „Spectre“ беше последниот Џејмс Бонд филм за Даниел Крег, па почнаа да се издвојуваат фаворити за актери што би можеле да ја преземат улогата. Иако не беше меѓу петте најзборувани имиња, Том Хидлстон изрази желба за портретирање на овој култен лик.

Британецот најпознат по улогата на Локи во стрип-адаптациите на Marvel, покажа интерес за улогата на Џејмс Бонд, велејќи дека би била „исклучителна можност“ за него.

Хидлстон изјави дека е огромен фан на франшизата и доколку би му ја понудиле улогата, ова би ило исклучителна можност за него, која нема да ја сфати „здраво за готово“, пишува The Wrap.

Меѓу имињата за кои се шпекулира дека може да биде следниот Џејмс Бонд се: Идриз Елба, Мајкл Фесбендер, Том Харди, Хју Џекмен и  Хенри Кавил, а по оваа изјава, сигурни сме дека и Том Хидлстон ќе влезе во оваа листа на фаворите на јавноста.

Што мислите вие, дали Хидлстон би бил добар Џејмс Бонд?

Коментирај