Славниот актер Том Круз на Вимблдон вчера беше виден во друштво на актерката Хејли Атвел, со што ги потврди медиумските пишувања дека двајцата се во врска.
59-годишниот актер, облечен во сино одело, беше во друштво на актерката со која заедно глуми во „Mission Impossible 7“. Дваесет години помладата Хејли е првата девојка којашто Том ја претстави на јавноста по разводот од Кејти Холмс во 2012 година.
Круз и Хејли заедно играат во „Mission Impossible 7“ и од почетокот на снимањето се главна тема на папараците и медиумите, а според пишувањата „неразделни се од првиот ден“, пренесе Fox.