Universal го објави финалниот трејлер за филмот „The Mummy“, со Том Круз во главната улога. Премиерата е закажана за 9 јуни.
Режисер на филмот е Алекс Курцман, а филмот има модерен заплет. Том круз се соочува со античко зло, мумија која ја толкува Софија Бутела. Новиот трејлер прикажува како мумијата го претвора Круз во чудовште.
Во останатите улоги се појавуваат Анабел Волис, Џејк Џонсон, Марван Кензари, Расел Кроу и други.