Томиќ го предизвика Кирјос на тениски дуел за 1 милион долари, Кирјос одби

Кајгана / МИА
/ 27.05.2022 / 19:02

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ му понуди на својот поранешен пријател и сонародник Ник Кирјос шанса меѓусебните несогласувања да ги решат на терен, во дуел за 1 милион долари, но Кирјос ја одби понудата.

– Јас ќе вложам еден милион долари и тој нека вложи милион, па да видиме кој е подобар. Победникот зема сè, изјави Томиќ, нудејќи му на Кирјос предизвик и во други спортови.

– Тврдиш дека си добар во кошарка, и во тоа ќе те победам. Знаеш што? Можеме тоа да го решиме и во боксерски ринг. Стави ракавици да видиме кој е подобар еднаш засекогаш, порача Томиќ, кој некогаш беше рангиран на 17. место на АТП листата, а сега е на 418. место.

Кирјос, 76. тенисер на АТП листата, ја одби понудата.

– Јасно ми е дека во моментов си на ниво на фјучерс и челинџер, но ако сакаш да играш врати се во спортскиот врв. Јас сум тука. Те чекам и доколку си подготвен да играш тенис на пристојно ниво, тоа и ќе го покажеш. Нема потреба да играме преку медиумите, изјави Кирјос. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе