Тони Крос еден од симболите на Реал Мадрид по завршувањето на Европското првенство ќе стави крај на кариерата.
Договорот на Крос со Реал истекува на крајот од сезона, доби понуда да остане уште една година во Мадрид, но решил да замине во пензија.
Крос крајот на кариерата го објави на социјалните мрежи.
„Беше 17 јули 2014 година – денот на мојата промоција во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но и како личност. Тоа беше почеток на едно поглавје во најголемиот клуб во светот. По десет години, на крајот на оваа сезона, ова поглавје ќе заврши. Никогаш нема да го заборавам овој успешен период. Исто така, оваа одлука значи дека мојата кариера е при крај бидејќи ќе заврши по завршувањето на Европското првенство. Како што кажав и претходно, Реал Мадрид е мојот последен клуб во кариерата“, напиша Крос.
Тони Крос професионалната кариера ја започна во 2007 година во Баерн. Со исклучок на сеозната 2009/201 кога беше на позајмица во Баер Левекузен, во Минхен остана до летото 2014 година кога се пресели во Реал. Со „кралскиот клуб“ ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
За Реал досега одигра 463 натпревари, постигна 28 голови и забележа 98 асистенции.
Крос со Германија стана светски првак во 2014 година, а четири години претходно го освоија третото место.