Актерот Тони Михајловски се чуди како с уште во Македонија никој не направил филм за Гоце Делчев.

Во гостувањето во емисијата „Тешки муабети“ на Infomax, Тони Михајловски покрена една многу интересна тема во македонската филмографија.
„Имаме такви ликови кои што можеле да го дигнат херојството и патриотизмот, само да сме ги ставеле во филм. Ние немаме филм за Гоце Делчев направено, а го браниме Гоце Делчев од Бугарите. Како? Океј, фала богу и Бугарите го немаат, да го имаа ставено во филм ќе ни го земеа како 1 и 2, готово, светот ќе го купеше дека е Бугарин, така?“, вели Тони, па продолжува.
„Кој е последниот глумец што си го видел да го глуми Гоце Делчев? Каде е филмот за Јане Сандански? Каде е филмот за Мајка Тереза? Не мора за Александар, каде е филмот за Филип II Македонски? Каде се плејада на големи кои што кога ќе ги изгледаме нивните филмови ќе разбуди кај тебе некое чувство, ќе бидне нешто“.
Целосната емисија од гостувањето на Михајловски во „Тешки муабети“: