Во Холивуд, филмската среќа знае нагло да се промени.
Особено тоа е случај со оние филмови кои имаат продолженија. На почеток публиката ги сака, ги обожува, опседната е со нив, но потоа како излегува секое ново и ново продолжение, така популарноста опаѓа.
Дури, потоа таа популарност се трансформира и во омраза. Некогаш популарните филмови веќе стануваат омразени кај филмската јавност поради нејзината разочараност од сѐ полошите продолженија.
На оваа листа се наоѓаат филмови како „Crash“, „Star Wars: Episode VII – The Force Awakens“, „Revenge of the Nerds“...