Авто новости

Топ 10: Најпродавани автомобили во Европа за 2018 година

29. јануари 2019 - 11:16 | К.З.

Европскиот пазар на автомобили секоја година наоѓа некои нови фаворити, но и понатаму верува на добро познатите модели и брендови. Во 2018 година, како и изминатите неколку години, најпродаван автомобил во Европа е Volkswagen Golf.

Ниту минатата година не донесе поголеми изненадувања на топ листата на најпродавани автомобили на европскиот пазар. На листата која ја објави порталот focus2move, која претставува збир на продажбата од 44 европски земји, првото место е наменето за Golf, кој минатата година се продаде во 502.752 примероци.

Компактниот модел на Volkswagen е убедливо прв и покрај падот на продажбата од 8,8% на годишно ниво, предизвикан од неодамна најавената промена на генерации.

Веднаш зад Golf, на второто место се најде францускиот фаворит Renault Clio, кој го задржа местото од 2017 година. Француската компанија продаде вкупно 365.508 примероци од малото Clio, и притоа забележа скоро незначаен пад од 0,7%.

А на третото место, уште еден модел на Volkswagen – Polo, кој со продадените 313.449 примероци и растот на продажбата од 5,3% го задржа местото кое го зазема една година претходно.

Што се однесува до изненадувањата на листата, најмногу напредуваше моделот Dacia Sandero, кој од 13-тата се проби до 9-тата позиција и се продаде во вкупно 225.261 примерок. Единствениот азиски модел помеѓу првите 10 е Nissan Qashqai, кој традиционално добро се продава во Европа. Тој забележа пад на продажбата од 7% во 2018 година, што предизвика да падне од 4-тото на 5-тото место на листата на најпродавани возила.

Целосната листа изгледа вака:

1 – Volkswagen Golf – 502.752 продадени примероци

2 – Renault Clio – 365.508 продадени примероци

3 – Volkswagen Polo – 313.449 продадени примероци

4 – Ford Fiesta – 274.455 продадени примероци

5 – Volkswagen Tiguan 258.491 продадени примероци

6 – Nissan Qashqai – 252.705 продадени примероци

7 – Skoda Oktavia – 240.645 продадени примероци

8 – Peugeot 208 – 235.357 продадени примероци

9 – Dacia Sandero – 225.261 продадени примероци

10 – Opel Corsa – 222.953 продадени примероци

Коментирај