Топ 10: Најскапите автомобили продадени на аукции

Поединечни колекционерски примероци на класични модели на автомобили достигнуваат астрономски цени, кои изнесуваат неколку десетици милиони долари. Погледнете ја и најновата листа од десет најскапи автомобили на сите времиња, кои се продадени на аукции.

Во однос на тоа дека многумина трансакциите ги вршат директно помеѓу колекционерите, податоците за нивните цени најчесто не им се достапни на јавноста, а експерти тврдат дека таквите примероци се дури поскапи од оние кои се појавуваат во каталозите на аукциските куќи.

Поради тоа на листата на најскапо продадени автомобили на сите времиња, обично се наоѓаат само возила кои го промениле сопственикот на некојa од аукциите.

Дека цените на колекционерските класични автомобили и понатаму растат од година во година, најдобро се гледа кога ќе се направи споредба на листите од 10 најскапи примероци на сите времиња од 2014 и 2018 година.

На листата од јуни 2014 година првата позиција ја држеше Mercedes-Benz W196 од 1954 година, со цена од 29,7 милиони долари, додека на најновата листа овој автомобил се најде дури на третото место.

Пред 4 години на позицијата 10 се најде Ferrari 250 GT California Spyder од 1961 година, чија цена на аукциите изнесуваше 10,9 милиони долари, додека во 2018 исто така се наоѓа на истата позиција, но чини дури 18,5 милиони долари.

Погледнете ја најновата листа на 10 најскапи класични автомобили продадени на аукции, на која како и на листата од 2014 година доминираат олдтајмерите на Ferrari:

10. Ferrari 250 GT SWB California Spider од 1961: 18,5 милиони долари (продаден во 2015 година)

9. Alfa Romeo 8C 2900 B Lungo Spider од 1939 година: 19,8 милиони долари (продаден во 2016 година)

8. Jaguar D-Type од 1955 година: 21,8 милиони долари (продаден во 2016 година)

7. Aston Martin DBR1 од 1956 година: 22,5 милиони долари (продаден во 2017 година)

6. Ferrari 275 GTB/C Speciale од 1964 година: 26,4 милиони долари (продаден во 2014 година)

5. Ferrari 275 GTB/4 S NART Spider од 1967 година: 27,5 милиони долари (продаден во 2013 година)

4. Ferrari 290 MM од 1956: 28 милиони долари (продаден во 2015 година)

3. Mercedes-Benz W196 iz 1954 година: 29,7 милиони долари (продаден во 2013 година)

2. Ferrari 335 S од 1957 година: 35,7 милиони долари (продаден во 2016 година)

1. Ferrari 250 GTO од 1962 година : 38,1 милиони долари (продаден во август 2014 година)

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе