Филм & ТВ

Топ 10 омилени филмски негативци на сите времиња

21. јануари 2020 - 10:24 | Б.С.Б.

Негативците се филмски ликови кои неретко овозможуваат поголема забава од самите суперхерои или добри момци. Иако се контроверзни и истрајни во остварувањето на нивните злобни цели и планови, некои од нив поседуваат изопачен шарм поради кој со возбуда ја исчекуваме секоја следна сцена во која негативецот ќе се појави.

Читателите на Ranker имаа прилика да ги изгласаат десетте омилени филмски негативци на сите времиња. И покрај големите имиња на фиктивни ликови од хорор филмови па до ликови од  универзумот на Marvel, на врвот на листата се најде Џокер, лик кој во 2008 година актерот Хит Леџер го оживеа во филмското остварување „The Dark Night“ на Кристофер Нолан.

Овој култен антихерој е уникатен вид на лошо момче за кое филмската публика навива. Леџер успеа на Џокер да му подари тродимензионална слоевитост каква не се постигнува често, а тоа го препознаа и гледачите и критичарите.

Актерот почина во 2008 година по смртоносна комбинација од различни лекови. Животот го загуби по завршетокот на снимањето на филмот. За неговата одиграна верзија на Џокер постхумно е награден со многу признанија, како и со Оскар за Најдобра споредна машка улога.

Режисерот Кристифер Нолан тврди дека Леџер дошол кај него, барајќи ја улогата на Џокер и дека бил „гладен“ за таа улога.

Утре, на 22 јануари, се навршуваат 12 години од прераната смрт на овој талентиран актер.

Покрај Џокер на Леџер еве кои други негативци се најдоа како омилени на филмската публика, според Ranker:

1. Џокер – Хит Леџер

2. Дарт Вејдер – Star Wars

3. Ханибал Лектор – The Silence of the Lambs

4. Лорд Волдермот – серијалот за Хари Потер

5. Фреди Кругер – Nightmare on Elm Street

6. Џек Торенс – The Shining

7. Императорот Палпатин – Star Wars

8. Агентот Смит – The Matrix

9. Т-800 – Terminator

10. Магнето – X-Men

Коментирај