Топ 5 мобилни трендови од Mobile World Congress во Барселона

Овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона имаше свои трендови кои ќе го одбележат претстојниот период во мобилната технологија. 5G скокна од дупка, интернетот на нештата има карта за влез, но доаѓа вештачка интелигенција на мобилните, претставен е голем број на мобилни и доаѓа нова димензија на екрани на мобилните.

5G технологија

По минатогодишниот конгрес кој го одбележаа VR додатоците на сите штандови, оваа година Mobile World Congress во Барселона го одбележа 5G технологијата која можеше да се види речиси на секој чекор како најбитен тренд. 5G претставува поголема брзина на пренос на податоци низ мобилните мрежи, а јапонскиот NTT DoCoMo на саемот постигна брзина од околу 15 Gbit/s во даунлоуд.

Смислата на петтата генерација на мобилната телефонија секако се поголемите брзини, но главната причина за ова се сè поголемите количини на податоци кои се пренесуваат преку видео сервисите како и подготовката за поширока примена. 

Сепак, со 5G се врзува и еден проблем, а тоа е регулативата која не е спроведена за да се овозможи работа и поставување мрежи во фрекфенциски подрачја кои се потребни. Па, за 5G  да почне да се користи во реалноста, тоа нема да се случи толку брзо, туку ќе ни бидат потребни уште неколку години.

Интернет на нештата (IoT)

5G технологијата е важна и за развој и користење на Internet of Things уредите кои ќе се наоѓаат на секој чекор околу нас, на улиците, во земјата за потребите на земјоделството, во домовите, па дури и во автомобилите.

Вештачка интелигенција (АI) во мобилните

Вештачката интелигенција конечно ќе ги направи паметните телефони паметни. До скоро, за паметни телефони се сметаа телефоните кои беа во можност да извршуваат повеќе операции. Новите модели како LG G6, HTC U Ultra, новиот Samsung Galaxy S8 ќе ги следат нашите навики и навремено ќе ни сугерираат разни операции за да ни го забрзаат нашиот животен ритам и на време да спречат доцнење, да најдат поволна цена на производи и слично.

Поголеми екрани на помали површини

Мобилните телефони добиваат поголеми екрани на помали површини - трендот го започна Xiaomi уште минатата година со моделот Mi Mix, но дури сега добива вистински залет низ уредите кои се претставени и оние кои ги очекуваме годинава.

Нови пропорции на екраните

На мобилните доаѓаат екрани кои ќе имаат пропорции од 18:9 oдносно 2:1, што ќе овозможи целосно нов пристап на камерите, вебот и полесно држење на телефоните во рака, секако со поголеми екрани кон кои корисниците стануваат незаситни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе