Авто новости

Топ 5 најпродавани електрични автомобили во САД

8. јануари 2019 - 18:37 | А.С.

Продажбата на електрични возила во САД нагло порасна во 2018 година, благодарение на Model 3 на Tesla.

Овој електричен автомобил е првиот модел на струја што на американскиот пазар се продал во повеќе од 100.000 примероци во само една календарска година.

Дали 2018 беше пресвртна година во поглед на експанзија на електричните автомобили, ќе покаже времето. Но, едно е сигурно – Tesla доминираше на пазарот на електрични автомобили во САД.

Во 2018 година во САД биле испорачани дури 139.782 примероци Tesla Model 3, со што овој модел убедливо го зазема првото место по продажба.

Model 3 ја надмина дури и вкупната продажба на останатите четири најбарани модели на струја во земјата.

Топ 5 најпродавани автомобили во САД во 2018 година се:

1.        Tesla Model 3          139.782 испорачани возила

2.        Tesla Model X          26.100 испорачани возила

3.        Tesla Model S          25.745 испорачани возила

4.        Chevrolet Bolt          18.019 испорачани возила

5.        Nissan Leaf              14.715 испорачани возила

Коментирај