Топ 5 серии што треба да почнете да ги гледате оваа есен

Нови комедии, драми и научно-фантастични серии се на менито што го нуди есента. По завршувањето на сезоните на популарните „Game of Thrones“ и „Twin Peaks“, љубителите на ТВ серии оваа есен ќе можат да си најдат нови херои на малите екрани.

Покрај новите сезони на веќе постоечките серии, оваа есен излегуваат и голем број нови серии кои го заслужуваат вашето внимание. Тимот на Кајгана се потруди да направи листа од 5 нови серии кои не треба да ги пропуштите.

„The Deuce“

Дејвид Сајмон („The Wire“) се враќа со нова серија оваа есен. Исто како што „The Wire“ беше повеќе од едноставна приказна за банди и наркотици, така и „The Deuce“ разработува многу повеќе теми, покрај онаа главната - почетокот на американската порно индустрија. Во главните улоги се појавуваат Џејмс Франко и Меги Џиленхал, а во една од споредните улоги е и познатиот рапер Метод Мен.

„Future Man“

Доколку ги измешате „Back to the Future“ и „Quantum Leap“, и притоа на тоа му додадете и многу пцовки и вулгарен јазик, епа тогаш ќе ја добиете новата серија на Сет Роген – „Future Man“. Главниот лик во серијата го игра Џош Патерсон („Hunger Games“) и тој е хигиеничар кој е опседнат со видео-игри. Тој случајно се наоѓа среде мисија во која треба да го спаси светот откако ликовите од видео-игрите оживуваат. Во серијата ќе можете да видите многу гик-референци, патување низ времето и комедија за возрасни.

„Mindhunter“

Дали некогаш сте сакале да знаете што се случува во умовите на сериските убијци? Тоа, како и многу повеќе, ќе можете да го дознаете во новата серија „Mindhunter“, која е адаптација на познатата книга Mind Hunter: Inside FBI’s Elite Serial Crime Unit. Дејствието е сместено во 1979 година и ги следи истрагите кои ги водат двајца специјални агенти кои работат во ФБИ. Помеѓу продуцентите се вбројуваат и режисерот Дејвид Финчер („Fight Club“), како и актерката Шарлиз Терон.

„Marvel’s Runaways“

Уште една серија од непресушниот извор на стрипови на „Marvel“. Главниот заплет на серијата се случува кога шест тинејџери дознаваат дека нивните родители се супер-негативци. „Marvel“ се надева дека ќе допре многу повеќе до тинејџерската публика, која е и главната таргет-група на оваа серија. Иако не е поврзана со останатите серии на „Marvel“, сепак дејството на „Marvel’s Runaways“ ќе се случува во истиот универзум.

„Star Trek: Discovery“

По цели десет години „Star Trek“ франшизата се враќа на малите екрани со нова серија. Дејствието на „Star Trek: Discovery“ всушност се случува неколку години пред оригиналната серија од 60-те. Во првата сезона главниот лик се вика Мајкл Бурнам, и таа е човек одгледан од Вулканци, а притоа е првиот капетан на легендарниот брод Discovery. Во главните улоги се појавуваат Соника Мартин-Грин, Хери Муд, Рејн Вилсон и Џејсон Ајзакс.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе