Остануваат уште само четири дена до почетокот на Европското првенство, а ние ќе ви ја претставиме официјалната топка која ќе се користи за најважниот спортски настан оваа година.
Собирот на најдобрите европски фудбалски репрезентации ќе се игра со топка со љубовното име Fußballliebe, односно „фудбалска љубов“, која германскиот гигант Adidas специјално ја дизајнираше за Европското првенство.
Fussball Liebe ќе ги следи познатите типови Telstar, Tango, Etrusco Unico, Roteiro, Questra Europa, Terrestra Silverstream, Beau Jeu и Europass, топки кои се прославија во изминатите изданија на Европските првенства, сите дизајнирани од Adidas.
Тоа е „најпаметната“ топка досега, која ја вклучува технологијата Connected Ball на Adidas која во реално време ги испраќа најпрецизните податоци до судиите на ВАР, исто како што има вградена полуавтоматска функција за офсајд. Целта е да се намали времето на чекање и да се поттикне побрзо донесување одлуки од страна на судиите, благодарение на стотиците чипови во него.
„Уверени сме дека Adidas Fußballliebe ќе го одбележи нашиот следен чекор кон извонредност. Посветени сме да обезбедиме секој аспект да ги одржува највисоките стандарди за квалитет и перформанси“, рече техничкиот шеф на УЕФА и легенда на хрватскиот фудбал, Звонимир Бобан, на промоцијата.
Дизајнот на топката со црни крила и зелено-портокалови бои го претставува движењето на играчите на теренот. На топката ќе бидат знамињата на сите учесници на Европското првенство.
„Кога ја дизајниравме оваа официјална топка, бевме инспирирани од енергијата и различноста на турнирот, како и од љубовта на Европа кон фудбалот“, рече шефот на производство и дизајн на Adidas, Сем Ханди.
Топката на Европското првенство е направена од рециклиран полиестер и боја на база на вода со користење на биолошки материјали како што се шеќерна трска, пченкарни влакна и дрвна маса, што ја прави најодржливата топка некогаш направена.