Три жени во топлес денеска протестираа пред Елисејската палата во Париз против претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Пораката на протестот беше „RIP Les Promesses“ (Ветувањата нека почиваат во мир), што се однесува на средбата која деновиве ја одржа Макрон со претставници на новата, реконструирана влада.
За демонстрантките се претпоставува дека се припаднички на феминистичката група Фемен.
Полицијата ги уапси и одведе од местото на настанот.