Топлотен бран на Арктикот – нема позагрижувачки доказ за климатските промени
Интернационален тим истражувачи предводен од британската Met Office објави загрижувачки нови откритија кои отвораат клучни прашања за иднината на планетата Земја.
Научниците тврдат дека продолжениот топлотен бран на сибирскиот Арктик годинава е „непогрешлив доказ за климатските промени“. Рекордниот пораст на температурите немало да се случи без глобалното затоплување предизвикано од човекот, велат научниците.
Овие нови откритија претставуваат сериозна причина за загриженост, бидејќи од состојбата на Арктикот зависат климатските системи на континентите населени со луѓе.