Топлотен бран во Македонија: Температури до 38°C

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови. UV индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38°C.

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40°C.

Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни препораки.

Од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од среда, 19.06, до недела, 23.06, територијата на цела држава ќе биде зафатена од топлотен бран – портокалова фаза, со што ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Согласно ова, на предлог на Министерството за здравство се донесени следните заклучоци за периодот од 19 до 23 јуни за целата територија на државата:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, поточно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвен крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Read more

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Read more
 

Вести

Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Читај повеќе

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе