Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Оние што мислат дека New 500 е најмалиот електричен автомобил на FIAT, не се баш во право, бидејќи италијанскиот производител го претстави Topolino.

Topolino е всушност тежок електричен четирицикл кој наскоро ќе се продава на европските пазари како италијанската верзија на францускиот Citroën Ami и германскиот Opel Rocks-e.

Topolino е италијански збор за Мики Маус, кој се користел како име за оригиналниот модел на FIAT 500 од 1936 година. Всушност е деминутив на зборот topo (глушец) и значи глувче. Новата итерација е инспирирана од поубавиот и „поновиот“ FIAT 500 од 1957 година, а има тркалезни фарови, платнен покрив, ретро подвижни покриви, нежна боја на каросеријата и јажиња наместо врати, додека нема прозорци. Седиштата добија светол тапацир.

FIAT не објави технички детали, но јасно е дека се работи за Citroën Ami со различни панели, па најверојатно ќе биде придвижуван од електромотор кој испорачува 8 КС и дозволува ограничена брзина од 45 км/ч. Досегот е 70 км со едно полнење на литиум-јонската батерија со капацитет од 5,5 kWh.

Од FIAT велат дека електричното градско возило е „направено од радост, оптимизам и забава“, што значи дека „ќе им пружи мобилност и слобода дури и на најмладите клиенти“. Тинејџерите во Европа можат легално да возат тешки четирицикли на возраст од 14 или 16 години, во зависност од локалните закони.

Продажбата на Topolino се очекува наскоро, а пред тоа повеќе информации и фотографии. Сепак, едно е сигурно, Topolino може да стане вистински продажен хит доколку цената е соодветна.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Авто новости

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Read more

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Read more

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Read more

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Mini eMastered е сè што барате од мал градски електричен автомобил

Читај повеќе

Зошто отворот на резервоарот за гориво не е на исто место кај сите возила?

Читај повеќе
  • filter

Како изгледа новиот центар за безбедност на Audi вреден 100 милиони евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самовозечки автобус почна да вози во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција од 13 автомобили вредни 50 милиони долари?

Читај повеќе

Што мислат возачите за автономните возила?

Читај повеќе

Само три Volkswagen модели ќе ја преживеат електрификацијата

Читај повеќе
  • filter

Пристигна: Новиот Volkswagen Tiguan има што да покаже

Читај повеќе

Маск ветува премаз што ќе спречи гребнатини на Cybertruck

Читај повеќе