Торлак ја повлече вакцината БСЖ од употреба поради сомневање за нејзиниот квалитет

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс.

Во документот што го објави тој портал може да се види дека на 15 март координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“.

Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ.

Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува.

Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но сѐ уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Регион

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Read more

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Read more

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Read more
 

Вести

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Читај повеќе