Торнада дивееја низ САД, има загинати

Макфакс
/ 01.04.2023 / 13:56

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени откако вчера торнадо го погоди главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина кога се урна покрив на театар во Белвидер, Илиноис, при што повредени се 28 лица. Покривот се урнал додека во театарот се одржувал хеви метал концерт, пишува Sku News.

Гувернерката на Арканзас, Сера Хакаби Сендерс, потврди дека некои луѓе сѐ уште се заробени во урнатините. Торнадото уриваше куќи, преврте автомобили и корнеше дрвја. Без струја во Арканзас останаа околу 90.000 граѓани.

URL

„Во овој момент знаеме за 24 лица хоспитализирани во болниците во Литл Рок“, напиша на Twitter градоначалникот на Литл Рок, Френк Скот Џуниор.

Медицинскиот центар „Баптист“ во соседниот Норт Литл Рок одделно извести дека лекувал 11 лица кои биле повредени, вклучително и едно во критична состојба. Други градови надвор од Литл Рок, исто така, известија за широко распространето уништување и повреди.

Ричард Денис, началник на полицијата во градот Вин, за локална телевизија изјави дека торнадото предизвикало „тотално уништување низ градот“. Торнадото следеше по серијата силни грмотевици што ги погодија јужните и средните западни региони на САД, дом на околу 85 милиони луѓе.

URL

Бурата предизвика и други торнада во Ајова, и шумски пожари во Оклахома. Луѓето беа повикани да се евакуираат во делови од Оклахома Сити за да се спасат од пожарот. Синоптичарите најавуваат нова серија силно невреме следниот вторник во истото подрачје.

Кобното торнадо се случи додека претседателот Џо Бајден ги обиколуваше последиците од друго смртоносно торнадо што го погоди Мисисипи пред една недела. Најмалку 21 лице загина во тоа торнадо, а околу 2.000 домови беа оштетени.

Гувернерот Хакаби Сендерс активираше 100 членови на Националната гарда на Арканзас да им помогне на локалните власти да одговорат на последиците од торнадото. Прогласена е вонредна состојба.

Тагови
реклама

Свет

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Read more

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Read more

Позелене водата во каналот во Венеција, свикан итен состанок

Read more

Путин му ја честита победата на Ердоган

Read more
 

Вести

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе