Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Макфакс
/ 27.05.2024 / 12:06

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат на дополнително влошување на времето.

Најмалку 7 лица, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 5 години, загинаа во Тексас кога силно торнадо ги зафати заедниците во северниот дел на државата во близина на границата со Оклахома во саботата вечерта, изјави шерифот на округот Кук Сапингтон. Многу луѓе се здобиле со различни повреди. Размерите на катастрофата станаа јасни синоќа додека официјалните лица се приближуваа на крајот на операцијата за пребарување и спасување.

Шерифот извести дека бројни приколки во најтешко погодената област „целосно исчезнале“, а други претрпеле голема штета од бурата, за која Сапингтон проценил дека оставила трага на уништување широка 400 метри, долга од 4,8 до 6,4 километри.

Торнадо, исто така, го опустоши округот Дентон, северозападно од Далас, во саботата навечер, оштетувајќи ги домовите и другите имоти и соборувајќи далноводи. „Бројот на повредени и видовите на повреди засега не се познати бидејќи спасувачките напори сѐ уште се во тек“, соопштија локалните власти на Facebook.

Стотици илјади корисници останаа без струја низ поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги Арканзас, Мисури и Тексас во неделата. Официјални лица во Арканзас, исто така, објавија неколку смртни случаи поврзани со невремето, додека патиштата беа затворени и блокирани од остатоци, соборени дрвја и далноводи, а торнадото уништи и бројни домови и деловни објекти, со многу повредени.

Невремето предизвика голема штета и најмалку два смртни случаи во делови на Оклахома, каде што официјалните лица го активираа Центарот за итни операции за да ги координираат напорите низ државата. Во Индијана лошото време го одложи почетокот на познатата автомобилска трка Инди 500.

Тагови
реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Украинците покажаа како со германско оружје уништуваат руски дронови

Read more

Свет

Трамп: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Read more

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Read more

Њујорк под вода, жителите стравуваат од големи поплави поради обилните дождови

Read more

32 секунди до катастрофа: Познато што се случило во последните моменти на Air India

Read more
 

Вести

Битолчанец возел BMW со 197 км/ч на место каде е дозволено 80

Читај повеќе

Трамп: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Читај повеќе

Димитров: ЕУ дозволи, тоа што за нас беше најважно и што го обезбедивме со Преспанскиот договор, сега да биде нападнато од Бугарија

Читај повеќе

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк под вода, жителите стравуваат од големи поплави поради обилните дождови

Читај повеќе

32 секунди до катастрофа: Познато што се случило во последните моменти на Air India

Читај повеќе

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Читај повеќе

Трамп: Ѝ кажувам на Меланија за прекрасниот разговор со Путин, а таа ми вели дека повторно нападнал

Читај повеќе

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе