Три лица загинаа, а најмалку 172 се повредени во торнадото што ја зафати Хавана, Куба и направи вистински хаос.
Стотици домови се уништени, цели населби се отсечени од електричната мрежа, а крајбрежните места се поплавени по моќниот циклон што ја зафати Куба доцна вчеравечер.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез го потврди бројот на жртви и повредени на Twitter каде објави и фотографии од средбата со преживеаните и спасувачите.
„Патуваме до местата што се зафатени од торнадото. Штетата е огромна“, напиша претседателот.
Службите наредија евакуација на болницата „Hijas de Galicia“ поради настанатата штета во невремето. Кубанската цивилна заштита го советува локалното население да остане во своите домови.
Ураганите не се ретка појава на Куба, но торнадата се многу ретки и населението не знае како да се справува во такви ситуации.