Свет

Торнадо во Оклахома: Хотел срамнет со земја, се извлекуваат жртви од урнатините

26. мај 2019 - 11:55 | А.С.

Според Метеоролошката служба на САД, разорно торнадо ја зафати Оклахома, при што еден хотел е срамнет со земја и причинета е друга материјална штета во и околу Оклахома Сити.

Торнадото најсилно удрило во близина на вкрстувањето на автопатите 81 и 40, објави Fox News.

Парк со мобилни домови во блзиината исто така е речиси целосно уништен.

Уште не е познат бројот на жртви во хотелот American Budget Value Inn, но потврдено е дека се извлекуваат луѓе од урнатините.

Рано утрово беа издадени предупредувања за торнадо во Оклахома и Тексас, откако претходно имаше тешко невреме во Небраска.

Коментирај