Торонто повторно го презеде водството во НБА финалето

Изгледа дека животот во финалето без Клеј Томпсон и Кевин Дурент е тежок за тимот на Голден Стејт Вориорс, кој синоќа доживеа нов пораз од Торонто Репторс. Канадскиот тим дојде до гостинска победа, што може да се покаже како клучен момент во финалната серија.

Тимот на Торонто Репторс, предводен од одличната партија на Кавај Ленард, го победи шампионот Голден Стејт Вориорс со резултат 123:109 и повторно го презеде водството во финалето.

Првата постава на Репторс не ни можеше да замисли подобро сценарио за синоќешниот натпревар – сите петорица стартери постигнаа двоцифрен број поени, што се покажа како пресудно во победата над Вориорс. Ленард повторно се покажа како лидер на тимот со 30 поени, 7 скока и 6 асистенции, но овојпат имаше и одлична поддршка во Кајл Лаури (23 поени), Дени Грин (18 поени), Паскал Сијакам (18 поени) и Марк Гасол (17 поени).

Шампионскиот тим на Вориорс се наоѓа во криза предизвикана од отсуствата на тројца играчи од составот – Кевин Дурент, Клеј Томпсон и Кевон Луни. Од една страна, Стеф Кари се искачи на сосем друго ниво и синоќа забележа 47 поени, 8 скока и 7 асистенции, но од друга страна, тимот нема барем уште една стандардна офанзивна опција во составот.

Следниот натпревар повторно се игра во Оукленд, каде Вориорс ќе се обидат да го искористат домашниот терен за да ја израмнат серијата пред таа да се пресели во Торонто.

реклама

За јавните личности и приватните газиња

Read more

Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Read more

СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Read more

Четири рецепти за мезиња со јајца

Read more

Кошарка

„Колено за колено“ – повредата на Ајзак ги подели НБА фановите

Read more

Актуелниот шампион на НБА убедлив против Лејкерс

Read more

НБА: 149 поени не беа доволни за Далас да го победи Хјустон

Read more

Петровски и Димитроски нови членови на Академија ФМП

Read more

Спорт

Црвен картон за намерно кашлање кон противникот во Премиер лига

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фетел: Не му верував на болидот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пандев со Џеноа избори опстанок во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

„Колено за колено“ – повредата на Ајзак ги подели НБА фановите

Читај повеќе

Венгер ги именува фаворитите во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Барса сака 10 милиони евра за Ракитиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лацио му нуди двојно поголема плата на Имобиле

Читај повеќе
  • play_arrow

Актуелниот шампион на НБА убедлив против Лејкерс

Читај повеќе

Ник Кириос ќе го пропушти УС Опен

Читај повеќе