Тоше Проески добива улица во селото Јабука кај Панчево

Белград, 19 ноември 2019 (МИА) – Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Јабука во близина на Панчево, јави дописникот на МИА од Белград.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево, кој и ден денес има голем број на обожаватели и чии песни многу често се емитуваат на радио-телевизиските станици во Србија.

Тоше Проески загина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Јабука има нешто повеќе од 6 илјади жители од кои скоро 70 проценти се Македонци. Тие таму се населиле по Втората светска војна најмногу од кривопаланечкиот крај.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе