Тошковски: Не е научна фантастика, со пермутација на 4 бројки во законите може да се смени важноста на документите

Техничкиот министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку медиумите ги извести граѓаните дека утринава до Владата поднел измени за две законски решенија.

„Предлог-закон за изменување на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, едноставно кажано ова е за возачките, и предлог-закон за изменување на Законот за патните исправи на државјаните по скратена постапка. Овие два закона, како се донесени, кога се донесени, со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денеска е последен ден во чии рамки пратениците, кои земаат плата од граѓаните на Македонија, имаат можност да докажат дека се во насока на интересот на граѓаните. Без политиканство, без политиички игри. Само со измена на овие два закона во делот на важност, како на возачките така и на пасошите, може да се решат проблемите на граѓаните. Сè друго е козметика, шминка и популизам. Никој не може да предвиди какви последици ќе бидат предизвикани во иднина од овие два закона. Овие два закона се суштински во делот на важноста на документите и ако каква било друга козметика се обиде да биде изведена, може само дополнително да комплицира граѓаните да не може да си ги остварат своите права гарантирани со Уставот, меѓународни конвенции“, рече Тошковски.

Според министерот, постапката е многу едноставна. Треба пермутација на две бројки од едниот закон и две од другиот.

„Ова не е научна фантастика. Ова е доставено до Владата како предлог од мене како министер за внатрешни, но поради итноста, ги замолив пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат ова по итна постапка веднаш, да нема политиканство, денеска е последен ден. Со пермутација на четири бројки и со политичка волја на сите оние што земаат пари од граѓаните на Македонија ќе се реши овој проблем, кој е срамен“, изјави министерот Тошковски.

„Македонските граѓани се лажени упорно во континуитет. Само матична држава што издала документ може да го поништи тој документ. Нема возачки дозволи во доволен број за да се задоволат потребите на граѓаните. Тоа е факт. Ова е единствено, нормално, возможно решение, кое може да ги реши проблемите, да не предизвика кршење на човековите права, а да не повредува нити одредби од меѓународниот билатерален договор. Сè друго е козметика и гол популизам“, додаде министерот.

За среќа, рече министерот, заборавиле да ги сменат сообраќајните, како и личните карти.

Според Тошковски, Грција постапува во согласност со меѓународното право и во согласност со сите оние права што ги има за да постапува. Тој вели дека проблемот не е Грција.

„Проблемот се латентноста, полтронството и немањето љубов на нашите функционери кон своите граѓани. Тука е маката. Тие да работат како што работат грчките функционери немаше да сме на ова дереџе“, одговори министерот на новинарско прашање.

Од утре, документите што не го содржат новото име на државата нема да важат оти истече периодот од пет години, во кој државата имаше обврска да ги смени во согласност со Преспанскиот договор.

реклама

Најточниот хороскоп за март: Кој знак сте во Словенскиот зодијак?

Read more

Карлсон: Американски шпиони ме следеа низ Москва, се сретнав и со Сноуден

Read more

Балканот е во мапата за „Руски свет“

Read more

Кога предозирањето со витамин Д може да биде фатално?

Read more

Македонија

Левица објави: Ванковска собра 10.000 потписи

Read more

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ по доаѓањето на Бени Шаќири

Read more

Променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд

Read more

Митева: Ако Османи се жали дека не може да преживее со 125.000 денари плата, како ли ќе преживеат 99% од граѓаните

Read more
 

Вести

Балканот е во мапата за „Руски свет“

Читај повеќе

46-годишен скопјанец загина во сообраќајка кај Кичево, дете е тешко повредено

Читај повеќе

Документ од 2022 открива кои биле условите на Путин за мир

Читај повеќе

Левица објави: Ванковска собра 10.000 потписи

Читај повеќе

Таткото на Коста ја префрла вината и бара почит на судењето за масакрот во „Рибникар“

Читај повеќе

Стружанец нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгасне цигарата

Читај повеќе

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ по доаѓањето на Бени Шаќири

Читај повеќе

Променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд

Читај повеќе

Митева: Ако Османи се жали дека не може да преживее со 125.000 денари плата, како ли ќе преживеат 99% од граѓаните

Читај повеќе