Фудбал

Тотенхем сака да го врати Герет Бејл, ама не и да му дава плата како во Реал

16. јули 2019 - 13:37 | А.С.

Англиски Тотенхем покажа интерес да го врати во Премиер лигата Герет Бејл кој моментално игра за Реал Мадрид.

Бејл во 2013 година го напушти Вајт Харт Лејн за да ја продолжи кариерата на Сантијаго Бернабеу.

Меѓутоа, шпекулациите за заминувањето на Велшанецот од Мадрид што кружат одамна сега стануваат сѐ погласни, па Тотенхем му стави до знаење на „Кралскиот клуб“ дека е подготвен да издвои меѓу 50 и 60 милиони евра.

Сепак, англискиот клуб јасно им стави до знаење на претставниците на Бејл дека неговата плата од 17 милиони евра по сезона е премногу висока и дека Тотенхем ќе може да му плаќа само половина од тоа.

Едно е сигурно, тренерот на Реал Зинедин Зидан не го сака 30-годишниот Бејл во екипата и двајцата веќе го имаат направено тој разговор.

На мадридскиот клуб му е јасно дека нема лесно да го продаде, а преодниот рок во Англија завршува за 20-тина дена.

Велшанецот не сака да се повлече од договорот со Реал што има важност уште три години и му носи милиони на сметка.

Тој фамозно изјави дека ако треба ќе седи на клупа и ќе игра голф, ама не си заминува од Реал.

Поради финансискиот ферплеј, Реал ќе мора да продаде неколкумина играчи, па на листата покрај Бејл се наоѓаат и Хамес Родригез и Маријано Дијаз.

Коментирај