УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Тотенхем и Мурињо би дошле во Скопје, но зависи од Шкендија

Филип Здравески
/ 01.09.2020 / 13:46

Доколку македонскиот претставник го елиминира Ботошани, тогаш во третото коло ќе игра против премиерлигашкиот великан Тотенхем. Така реши денешната жрепка.

УЕФА навреме ги испланира и двојките за третоко квалификациско коло од Лига Европа, иако допрва треба да се одигра второто. Она што ја интригира македонската фудбалска јавност е дека доколку Шкендија успее да го еклиминира романскиот претставник Ботошани, тогаш во третото коло во Скопје ќе го донесе тимот на Тотенхем. Предводен од Жозе Мурињо, тимот од Лондон во Македонија би дошол со низа ѕвезди како Хари Кејн, Сон Хјон-мин, Иго Лорис, Деле Али... Тотенхем треба прво да го мине бугарскиот Локомотив од Пловдив, во што никој не се сомнева.

URL

Можните противниците ги дознаа и дригите два македонски претставници. Доколку Ренова приреди изненадување и го елиминира хрватскиот гугант Хајдук, тогаш ќе игра со подобриот од дуелот на Галатасарај и Нефтчи.

Силекс, доколку ја мине косовска Дрита, ќе патува во Полска на мегдан со варшавска Легија.

Двојки за 3. квалификациско коло:
Ботошани (Романија)/Шкендија - Тотенхем (Англија)/Локомотив П. (Бугарија)
Ренова/Хајдук (Хрватска) - Нефтчи (Азербејџан)/Галатасарај (Турција)
Легија (Полска) - Силекс/Дрита (Косово)

Натпреварите ќе се играат на 24 септември, за жал без публика. Бидејќи се игра само еден натпревар, без реванш, доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а доколку и натаму резултатот е нерешен ќе следуваат пенали.

Победниците ќе се пласираат во плеј-офот, последната пречка пред групната фаза.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе