Тоти: Мурињо е нашиот громобран

Франческо Тоти, најголемиот играч во историјата на Рома, даде одлично интервју за La Gazzetta dello Sport. Во него, меѓу другото, го пофали новиот тренер на римскиот клуб, португалскиот стручњак Жозе Мурињо.

„Сега сме во раните фази на сезоната и тешко е да се прават предвидувања, но мене веќе многу ми се допаѓаат некои работи“, започна славниот капитен и додаде: „Самиот факт дека Мурињо ја избра Рома кажува нешто. Тој е многу флексибилен тренер. Сите нѐ освои и има харизма, играчите го следат и го слушаат. Нема сомнение дека тој ќе биде најдобриот можен мотиватор и фигура во соблекувалната“.

„Отсекогаш бил и ќе биде посебна вредност за клубот, и на теренот и во она што го прави со играчите како група. Ме импресионираше со неговата способност да се прилагоди толку брзо на новата средина. Се става пред сите, тој е нашиот громобран и тоа во град како Рим може да биде одлучувачки фактор“, заклучи Тоти.

Рома има девет бода и најдобра гол разлика по три кола, и е првиот тим во Серија А.Во неделата, како домаќин, го совлада Сасуоло со 2: 1 (1-0) во драматично финале. Тоа беше 1000-тиот натпревар за Жозе Мурињо во неговата тренерска кариера и на него славниот португалски тренер стигна до 639 победи.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе