Тоти за најтешкиот момент во кариерата: Судијата ни ја украде победата, полудев

Една од најголемите судиски кражби се случи во осминафиналето на Светското првенство одржано во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Судиите тогаш му помогнаа на домаќинот Кореја да ја исфрли Италија, а подоцна и да оди до полуфиналето.

Франческо Тоти, легендарниот италијански фудбалер кој е во пензија, не крие дека тој натпревар му е најтешкиот момент во кариерата.

„Тоа за мене е чист пенал бидејќи контакт имаше, корејскиот одбранбен играч ме сруши. Погреши, а јас слушнав свиреж и помислив – тоа е тоа. Ќе шутирам пенал и со тој златен гол ќе ја однесам Италија во четвртфинале. Наместо тоа, судијата не покажа на белата точка, туку дојде до мене, па прво ми покажа жолт, а потоа и црвен картон“, пишува Тоти во својата автобиографија, па открива и што се случувало во соблекувалната.

„За прв пат помислив дека нема смисла да продолжам да се борам. Дојдов во соблекувалната, ја скршив вратата и после 15 минути слушнав како трибините грмат и слават“, пишува иконата на Рома.

Италија четири години подоцна стана светски првак.

„Тогаш си ветив: Ќе одиграм уште едно Светско и тоа е тоа. Но, во тој меч толку промашувавме, што на крај му дозволивме на судијата да ни го украде натпреварот. Му овозможивме да им помогне на Корејците и тој тоа го стори“, додава Тоти.

За потсетување, еквадорскиот судија Бајрон Морено прво им подари пенал на домаќините, а потоа по водството им дозволуваше брутални стартови, а во продолжението му додели и втор жолт на Тоти поради наводно симулирање.

Морено подоцна поради местење на натпревари во Еквадор беше доживотно суспендиран од фудбалот, а во 2011 година е фатен во шверц на шест килограми хероин, па е осуден на две и пол години затворска казна.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе