Товарен авион се урна во станбена зона во Литванија

Макфакс/Кајгана
/ 25.11.2024 / 16:20

Рано утринава товарен авион се урна во близина на аеродромот во Вилнус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот – кој се освестил – бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал.

Претставник на Одделот за противпожарна заштита и спасување за LRT изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку се повредени.

Товарниот авион Boeing 737 на компанијата DHL летал од Лајпциг, а се вели дека паднал и удрил во двокатница. Ова за LRT го потврдија претставници на аеродромот. Спасувачките служби излегоа на местото на настанот. Претставникот на аеродромот, Мариус Зелениус, за LRT изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Според него, авионот од Лајпциг се урнал околу 5:28 часот по литванско време во Липкалнис.

Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урнал. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат како авионот се подготвува за слетување. На небото се гледаат светлата на авионот додека полека ја спушта висината. И тогаш, во еден момент, доаѓа до страшна експлозија и блесок што го осветлува небото.

Еден член на екипажот загина при падот, а другите тројца со повреди беа извлечени од леталото и беа пренесени во болница. Авионот се излизгал неколку стотици метри пред да удри во станбена зграда.

Според официјални лица, 12 лица, кои биле во објектот во моментот на ударот, биле извлечени живи.

Причината за падот на авионот сè уште не е позната, а истрагата е во тек. Многубројни теории кружат за тоа што му претходело на падот, а според надлежните, не е исклучена ниту можноста од терористички напад.

„Еден од членовите на екипажот е пронајден без знаци на живот“, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Државниот кризен центар. Виткаускас рече дека е прерано да се извлечат какви било заклучоци за тоа што ја предизвикало несреќата и дека околностите и причините се истражуваат.

Во овој момент нема индикации дека на авионската несреќа ѝ претходела експлозија во леталото. Се верува дека авионот паднал поради технички дефект или човечка грешка. Но, не е исклучена ниту опцијата дека се работи за терористички чин, пишуваат локалните медиуми.

„Ова е една од верзиите за несреќата, која ќе биде истражена и проверена. Пред нас е многу работа. Собирањето докази може да потрае цела недела, нема да има брзи одговори“, рече Паулаускас.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Свет

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Read more

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан ги здружуваат силите: Потпишуваат одбранбен договор

Read more

Трамп потпиша наредба против породилниот туризам: Нов обид да се ограничи правото на државјанство по раѓање

Read more

Вести

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Читај повеќе

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Читај повеќе

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Читај повеќе

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Читај повеќе

Левица: РКЕ крои тарифи со компаниите, а народот ќе биде известен кога ќе му пристигне сметка за струја

Читај повеќе

ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации

Читај повеќе

Скопјанец возел со 3,29 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Читај повеќе

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан ги здружуваат силите: Потпишуваат одбранбен договор

Читај повеќе