Филм & ТВ

„Toy Story 4“ го освои бокс-офисот

24. јуни 2019 - 11:06 | Б.С.Б.

Четвртото продолжение на „Toy Story“ заработи одлични 118 милиони долари од прикажувањето во Северна Америка, односно 238 милиони долари на меѓународно ниво.

Филмот е во режија на Џош Кули, а повторно ги обединува Вуди (гласот го позајмува Том Хенкс), Баз Лајтјеар (Тим Ален) и Бо Пип (Ени Потс) со други херои.

На второ место е филмот „Child’s Play“ со заработка од 14 милиони долари. На трето место е „Aladdin“ со заработка од 12,2 милиони долари во петтиот викенд од прикажување.

Меѓу првите пет се и „Men in Black International“ со заработка од 10,7 милиони долари и „The Secret Life of Pets 2“, со заработка од 10,3 милиони долари.

Ова е целосната листа:

1. Toy Story 4 – 118 милиони долари

2. Child’s Play – 14

3. Aladdin – 12,2

4. Men in Black International – 10,7

5. The Secret Life of Pets 2 – 10,3

6. Rocketman – 5,6

7. John Wick: Chapter 3 – Parabellum – 4

8. Godzilla: King of the Monsters – 3,7

9. Dark Phoenix – 3,6

10. Shaft – 3,5 милиони долари.

Коментирај