Toyota C-HR GR Sport пристигнува во Европа
Компанијата Toyota за европскиот пазар го претстави моделот C-HR GR Sport.
GR Sport доаѓа со нови детали за светлата и предната маска, а новите 19-инчни фелни се изработени специјално за овој модел.
Купувачите може да очекуваат кросовер со 1,6-литарски трицилиндричен мотор од моделот GR Yaris, но засега нема официјални информации. Овој мотор во моќниот хетчбек развива 257 КС во Европа, така што се очекува дека и моделот C-HR GR Sport ќе развива нешто повеќе од 200 коњски сили.
Погледнете ја галеријата.