Toyota му раскина на Елон Маск

Toyota и Tesla веќе нема да се обидуваат да ја спасат врската.

Јапонскиот автопроизводител завчера соопшти дека го продал последниот пакет акции во Tesla и дека се подготвува да произведува свој електричен автомобил.

Наводно, меѓу Toyota и компанијата на Елон Маск дошло до „судир на културни разлики“: конзервативниот јапонски пристап „безбедноста на прво место“ не се вклопувал со методот на преземање ризици на Tesla.

Toyota откупи 3 % од акциите на Tesla за 50 милиони долари во 2010 година.

Јапонската компанија тогаш рече дека била импресионирана од „стартап културата на Tesla“, како и од главниот извршен директор Елон Маск, и рече дека партнерството е „историски потег“.

Двете компании заедно го направија електричното возило RAV4 и од овој модел беа продадени 2.500 примероци.

Меѓутоа, јазот меѓу двете компании се покажа преголем за да може да се премости.

Во 2014 година, Toyota продаде дел од својот влог во Tesla.

Јапонската компанија основа свој погон за производство на електрични автомобили во ноември, 2016 година и солидно инвестираше во водородно напојување, технологија за која Маск рече дека е „неверојатно глупава“.

Се очекува првите електрични возила на Toyota да бидат подготвени за пазарот во 2020 година.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе