Неодамна се појавија шпекулации дека Toyota планира да произведе нов компактен кросовер за европскиот пазар, а сега пристигна и официјалната потврда.
Од Toyota не го откриваат името на новиот модел, но потврдено е дека ќе биде базиран на GA-B платформата којашто ја користи и новиот Yaris.
Меѓутоа, овој кросовер нема да има повисока верзија на hatchback затоа што јапонскиот произведувач сака да му даде препознатлив изглед и конструкција.
„Нема да чекате долго време за да го видите конечниот дизајн, а она што ќе го видите не е само Yaris со каросерија и поголем клиренс, туку потполно нов и препознатлив B-SUV модел со компактен и динамичен дизајн“, изјави Мет Херисон, извршниот потпретседател на Toyota во Европа.
Со овие официјални информации објавена е и првата скица за кросоверот која покажува дека ќе биде нешто поголем од Yaris.
Сепак, нема да биде поголем од моделот C-HR, па се претпоставува дека ќе биде поевтин.
Toyota ќе го лансира новиот кросовер оваа година, а производството ќе се одвива во Франција.
Датумот и цената ќе бидат познати наскоро.
„Овој модел ќе придонесе на успехот на продажбата на Yaris во Европа“, вели Херисон.