Вистинско време е за овој традиционален норвешки рецепт. Со јаболка и суво грозје овие колачиња се вистинско сезонско уживање.
Потребни состојки:
- 1 свеж квасец
- 240 мл млеко
- 530 гр повеќенаменско брашно
- 1 лажичка сол
- 1 јајце
- 200 гр суво грозје
- 1 јаболко
- 900 мл сончогледово масло
- 240 гр шеќер во прав
Подготовка:
Загрејте го млекото и вр него истурете го квасецот, па мешајте додека не се раствори. Ставете сито над голем сад и просејте го брашното и солта директно во него. Измешајте ги јајцата и смесата од квасецот со брашното за да се добие тесто, а потоа измешајте ги сувото грозје и излупеното и ситно исечканото јаболко.
Покријте го садот со влажна крпа и оставете го на топло место еден час, додека тестото не се удвои. Загрејте го маслото на температура од 190 степени. Со две лажици кои претходно сте ги потопиле во врелото масло формирајте топчиња од тесто и испуштете ги во маслото.
Пржат 4-8 минути додека топчињата не поруменат од сите страни, па префрлете ги во плех обложен со хартиени крпи за да се исцеди маслото. Мактакот посипете ги со шеќер во прав и послужете ги топли.