Наука

Трагајќи по вонземски живот астрономите открија три нови егзопланети

8. јануари 2019 - 15:22 | Б.С.Б.

Со помош на сателит на НАСА потврдено е постоењето на три егзопланети и стотици можни егзопланети во вселената.

Астрономи, вклучени во работата на сателитот TESS, го потврдија откритието на три планети и над повеќе од 300 кандидати за егзопланети. Ова откритие е објавено во зимскиот состанок на Американското астрономско друштво во Сиетл.

На состанокот се претставени резултатите од првите три месеци набљудување на TESS, а во акцијата се вклучени стотина астрономи кои треба да ги следат, потврдат и опишат откриените планети.

Pi Mensae c е двојно поголема од нашата планета, има петпати поголема маса од Земјината. Нејзината сестринска планета која е претходно откриена, Pi Mensae b, е гасовит џин чија маса е десетпати поголема од масата на Јупитер. Научниците не знаат како двете толку различни планети се во истиот систем. LHS 3844 b е врела егзопланета малку поголема од Земјата. HD 21749 е трипати поголема од Земјата, но неговата маса е 23 пати поголема. Астрономите претпоставуваат дека има густа, тешка атмосфера.

Ова е само почеток по потрагата на езгопланети, научниците планираат TESS да испраќа податоци уште најмалку 10 години.

Коментирај