Трагедија во ММА: Почина талентираната Викторија Ли

Почина Викторија Ли (18), членка на најголемата азиска ММА промоција ONE Championship, а оваа вест ја потврди нејзината сестра и една од најголемите женски боречки ѕвезди во светот, Анџела Ли.

Викторија требаше да се бори на 14 јануари на првиот ОНЕ настан годинава, а Анџела на Instagram напиша дека Викторија починала уште на 26 декември минатата година.

Сепак, семејството досега не сакаше да ја објави оваа вест во јавноста, а истовремено не е наведена и причината за смртта на оваа исклучително талентирана млада спортистка.

„Таа прерано замина и нашето семејство од тој момент е целосно уништено. Ни недостига, повеќе од сѐ на светот. И нашето семејство никогаш нема да биде исто“, е дел од она што го напиша Анџела.

Викторија тренираше и живееше на Хаваи каде семејството Ли се преселило од Канада уште пред таа да се роди.

Беше во тимот со Анџела, а главен тренер им беше сопругот на Анџела, Бруно Пучи.

URL

Инаку, Викторија се истакна во помладите категории, а прилика да дебитира професионално доби на само 16 години.

Сите три претходни ММА борби во организација на ONE Championship успешно ги одработи.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе