Трагикомедија во Милан: Каде е голманот и што прави Игуаин?

Милан синоќа го доживеа најновиот пораз во низата несреќни претставувања во изминативе години, кога изгуби од Олимпијакос во последното коло од групата во Лига Европа.

Со пораз од 3:1 на грчки терен, Милан испадна од лигата, понатаму во натпреварувањето продолжува Олимпијакос, а за да продолжи му беше доволно и да претрпи пораз, но со гол разлика.

Милан влезе во мечот со голем капитал: три бода повеќе од домаќинот и победа од 3:1 на првиот натпревар во Милано.

Требаше само да не изгуби со повеќе од еден гол разлика, но не беше способен ни за тоа.

До 60-тата минута држеше нула разлика, а потоа се сруши во 20 минути, бидејќи само толку му беа потребни за да прими дури три гола.

Првиот гол најдобро зборува за тоа во каква состојба е актуелната екипа на седумкратниот првак на Европа.

По корнерот за домашната екипа, Папе Абу Сисе остана сам пред голот на Милан.

Голманот Пепе Реина за тоа време на другата страна гледаше што се случува пред мрежата, а Гонзало Игуаин во непосредна близина на противникот кој е во најопасна позиција, го прави она што најчесто го прави изминативе години – бавен е и доцни.

Така Сисе поентираше за почетокот на крајот за Милан во Европа.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе