Трајановски: Се чека да заврши експропријацијата, па пред Нова година Бехтел и ЕНКА да влезат на терен

Неопходно е да се заврши потребната експропријација и дислокација на електричните и телекомуникациски водови, а потоа, пред Нова година Бехтел и ЕНКА да влезат на терен со активности за изградба на коридорите 8 и 10. Ова го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски.

Одговарајќи на новинарски прашања во Кавадарци, Трајановски рече дека претходната влада, во договорот со Бехтел и ЕНКА поставила рокови до крајот на минатата година да бидат завршени експропријацијата и дислокацијата на електрични водови и телекомуникациски водови коешто е надлежност на Македонија и не спаѓа во тие милијарда и триста милиони евра.

„Правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо Бехтел и ЕНКА да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен“, изјави Трајановски.

Во март минатата година беше потпишан договорот со Бехтел и ЕНКА за изградба на 110 километри автопат во рок од 6 години, во вредност од 1,3 милијарда евра. Коридорот 8 ќе се протега на должина од 68 км со автопат со 6 ленти, кој ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, а Коридорот 10-д, автопат со 6 ленти во должина од 40 километри, ќе го поврзе Прилеп со Битола.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Read more

Македонија

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Read more

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

Read more
 

Вести

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

Читај повеќе