Трамп, Бајден и нуклеарните шифри: Како патува најмоќниот куфер до шефот на САД?

Еден од најважните детали за денот на инаугурацијата е предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Многумина се прашуваа како ќе се изврши примопредавањето, имајќи предвид дека Доналд Трамп беше оддалечен илјадници километри од Џо Бајден.

Треба да се знае дека има неколку нуклеарни куфери и, спротивно на она што најмногу се пишува во јавноста, не станува збор за некакво копче или прекинувач, туку збир на шифри, објави телевизиската мрежа NBC.

Една актовка отпатува на Флорида со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите шифри истекоа вчера во 11 часот, 59 минути и 59 секунди по локално време, а сетот со шифри на Бајден беше активиран точно напладне (18 часот по наше време).

Резервниот нуклеарен куфер беше кај поранешниот потпретседател на САД Мајк Пенс и тој требаше да му го предаде на новиот потпретседател - Камала Харис.

„Џо Бајден го доби својот ‘бисквит’ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) најверојатно пред инаугурацијата, како и потпретседателот Камала Харис, а потоа беа запознаени со постапката за започнување нуклеарен напад“, пишуваат американските медиуми.

Вообичаено е нуклеарниот куфер, кој му служи на американскиот претседател за да лансира нуклеарни ракети во секое време, да го носи воен помошник кој мора да биде со претседателот нон-стоп и да му биде предаден на друг помошник кој стои покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата. Овојпат тоа не се случи.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе