Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генералите на американската војска му пренеле дека експлозијата во Бејрут е предизвикана од „некој вид бомба“.
„Се сретнав со некои од нашите генерали и изгледа дека тие мислат дека тој настан не беше предизвикан од експлозија во фабрика. Мислат дека во прашање е напад, тоа било некој вид бомба“, изјави Трамп, пренесе Associated Press.
Повеќе официјални лица од Либан претходно изјавија дека експлозијата во Бејрут најверојатно е предизвикана од 2.700 тони амониум нитрат кој со години бил складиран.
Министерството за одбрана на САД не гледа знаци дека експлозијата во пристаништето во Бејрут е поврзана со напад, пренесе CNN, повикувајќи се на тројца неименувани функционери во Пентагон.