Трамп: Бесен сум на Путин и тој го знае тоа

Макфакс
/ 31.03.2025 / 12:01

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе секундарни царини од 25% до 50% за целата руска нафта доколку утврди дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина. Овие мерки би можеле да стапат на сила во рок од еден месец доколку не се постигне прекин на огнот.

Трамп изјави за NBC News дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин предложи смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и формирање преодна влада со поддршка на Обединетите нации.

„Нова администрација значи дека нема да има договор долго време, нели?“, рече Трамп.

„Ако сме на средина на преговори, тогаш можам да кажам дека бев многу лут, бесен, кога Путин вчера почна да го доведува во прашање Зеленски… затоа што тоа едноставно не води во вистинската насока, разбирате?“, додаде.

Трамп рече дека планира да разговара со Путин оваа недела. За време на претседателската кампања во 2024 година, тој постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „смешната“ војна во Украина, а тоа е прашањето на кое се фокусираше откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп повика на нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.

реклама

Свет

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Трамп ќе гради Триумфална капија

Read more

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе