Свет

Трамп до Иран: Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД

20. мај 2019 - 9:00 | доналд трамп, трамп иран, сад иран

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно му се закани на Техеран со твит во кој наведува дека евентуален конфликт ќе биде „официјален крај“ на Иран.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Twitter.

Во исто време Ријад, кој нагласи дека не сака војна, го обвини Иран дека стои зад нападите со дронови на две нафтени постројки во Саудиска Арабија, за кои одговорноста ја презедоа Хутите во Јемен, кои се поврзани со Иран.

Новите закани кон Иран доаѓаат после вчерашниот напад со ракети во багдадската Зелена Зона, каде се наоѓаат зградите на државните органи и странски амбасади.

Иран негираше дека учествувал во кој било од овие инциденти.

Коментирај