Tрамп до Саудиска Арабија: Фала за евтината нафта!
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во објава на Twitter укажа дека намалувањето на цените на нафтата е одлично и ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за тоа.
Цената на бензинот во САД деновиве се намалува како резултат на падот на цената на суровата нафта. Американската „лесна“ нафта на берзите денеска достигна 54 долари за барел.
„Тоа е како големо даночно олеснување за Америка и за светот. Уживајте! Беше 82 долари, сега е 54 долари. Благодарам за Саудиска Арабија, но да одиме уште пониско!“, порача Трамп.
Oil prices getting lower. Great! Like a big Tax Cut for America and the World. Enjoy! $54, was just $82. Thank you to Saudi Arabia, but let’s go lower!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 21, 2018
Оваа изјава на претседателот се најде на удар на критики од Капитол хил, како од страна на републиканците така и од демократите.
Според некои политичари во Вашингтон, Трамп го занемарува кршењето на човековите права, па и убиството на американски жител како новинарот Џемал Кашоги, по цена да не се загрози неговата политика за економски развој на земјата.
Републиканецот Боб Коркер, кој заседава со сенатскиот Комитет за надворешни работи, изјави дека Белата куќа сега работи како „фирма за односи со јавност на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија“.
Коркер и демократскиот сенатор Боб Менендез беа предизвикани да испратат писмо до Трамп и да побараат од него да дознае дали принцот Мухамед бин Салман го нарачал убиството на Кашоги.
Коментирај