Трамп, експерт за астрономија: Месечината е дел од Марс

Астрономите и вљубениците во астрономијата вчера „научија“ важна лекција од американскиот претседател Доналд Трамп – Месечината да ти била дел од Марс.

За жал, ова не е лажна вест, како што Трамп обожава да кажува. Претседателот на САД е познат по неговите контроверзни и просто нелогични изјави и твитови, но со вчерашниот твит дефинитивно се надмина.

Во обид да укаже дека нова мисија на Месечината би била непотребен трошок за САД, Трамп во еден здив успеа да го просветли целиот свет за тоа каде се наоѓаат небесните тела.

„За сите пари што ги трошиме, НАСА не би требало да оди на Месечината – Тоа го направивме пред 50 години. Треба да се фокусираат на поголемите работи што ги правиме, како Марс (од кого Месечината е дел), Одбрана и Наука!“, гласи твитот на Трамп.

Ваквата изјава на Трамп шокираше многу астрономски ентузијасти, бидејќи традиционално, не се смета дека Месечината е дел од Марс.

Водечката теорија е дека при судир на Земјата со вселенски објект со големина на планета пред многу, многу години, настанале остатоци од кои подоцна се формирала Месечината и станала природен сателит на нашата планета. Оддалеченоста на Марс од Месечина во просек изнесува 140 милиони милји.

НАСА не одговори на прашањата на The Guardian дали Месечината е дел од Марс.

Без разлика на „експертизата“ на Трамп за небесните тела, она што е фактички изненадување е сознанието дека претходно беше полн со ентузијазам за повторното одење на Месечината - на 13 мај годинава Трамп твитна: „Се враќаме на Месечината“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе