Трамп ги нарече имигрантите „животни“, па се обиде да се извади

Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да објасни што мислел кога за имигрантите во Калифорнија рече дека „тоа не се луѓе, туку животни кои треба да се протераат“.

По кој знае кој пат американскиот претседател со своја изјава предизвика лавина на коментари во јавноста, па дополнително мораше да објаснува што всушност сакаше да каже.

Имено, Трамп ги нарече „животни“ илегалните имигранти во државата Калифорнија.

„Тоа не се луѓе, тоа се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина која порано никогаш не сме ја имале“, изјави американскиот претседател и додаде дека калифорнискиот закон нуди засолниште за ваквите „опасни престапници, кои се едни од најнасилните во светот, како што се членовите на групата MS-13“, станува збор за криминална банда од Салвадор.

Неговата изјава предизвика жестока реакција меѓу демократите, кои рекоа дека имигрантите се живи суштества.

„Не се животни, ниту криминалци, ниту шверцери на дрога, ниту силувачи. Тие се живи суштества“, изјави демократскиот пратеник Џаред Полис од американската сојузна држава Колорадо.

Трамп, после овие реакции се обиде да се извади, па образложи дека под терминот „животни“ мислел на имигрантите, кои се припадници на криминални банди и кои нелегално влегуваат во САД, а не и на другите имигранти.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе