Трамп: Го замолив Маск да оди да ги земе храбрите астронаути што Бајден ги остави во вселената

Макфакс
/ 29.01.2025 / 13:40

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Илон Маск и од SpaceX да одат по двајцата астронаути, кои, како што рече Трамп, администрацијата на Бајден ги оставила во вселената.

„Илон набргу ќе замине. Се надевам ќе биде безбедно“, напиша Трамп.

Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс, пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 6 јуни минатата година. Мисијата требаше да трае една недела, но речиси 8 месеци подоцна Вилмор и Вилијамс сѐ уште се во вселената поради проблеми со капсулата Starliner на Boeing.

По лансирањето од вселенскиот центар „Кејп Канаверал“ на Флорида, леталото успеа да се приклучи на станицата при вториот обид поради проблеми со моторот. Покрај тоа, леталото претрпе истекување хелиум. Starliner се врати на Земјата без екипаж на почетокот на септември слетувајќи во пустината во Ново Мексико.

НАСА првично најави дека двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата во февруари оваа година, но неодамна дојде до одложување на спроведувањето на овој план.

реклама

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Свет

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Read more

Што е теоријата Пентагонска пица?

Read more

Нов бран израелски напади во Иран

Read more

Што се пренесуваше на трите мистериозни кинески летови кон Иран?

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе