Трамп го засилува притисокот врз гувернерите за сузбивање на немирите со Националната гарда

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го засили притисокот врз гувернерите да го запрат насилството на протестите што избувна поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, барајќи од Њујорк да ја мобилизира Националната гарда за да ги запре „скитниците и губитниците “, пишуваат американските медиуми.

Додека во градовите низ САД седма ноќ по ред се одржаа протести, проследени со грабежи, вандализам и напади врз полицијата, претседателот Трамп ги засили повиците за поостар одговор, како што направи и претходниот ден, кога се закани дека ќе испрати војска за да воспостави ред доколку гувернерите не го сторат тоа.

„Њујорк, повикај ја Националната гарда. Тепачи и губитници те уништуваат. Дејствувајте брзо. Немојте да ја направите истата ужасна и смртоносна грешка како со старските домови“, напиша Трамп на Тwitter.

Во Њујорк во понеделникот вечерта луѓето ги искршија излозите на продавниците во близина на Центарот Рокфелер и влегоа во стоковната куќа „Мејси“ на Менхетен, и покрај воведувањето на првиот полициски час во градот по децении. Полицијата соопшти дека се уапсени речиси 700 лица, а неколку полицајци се повредени.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, го продолжи за цела недела полицискиот час, што почнува во 20 часот по локално време.

Полициски час е воведен и во десетици други американски градови, вклучувајќи го и главниот град Вашингтон.

è очекуваат неколку тешки денови. Ќе се соочиме со тоа, рече Де Бласио, додавајќи дека тој ќе го стори со помош на локалните лидери, кои ги повика да реагираат.

Поради насилствата во 29 држави од САД распоредени се повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда. Њујорк не е меѓу тие држави.  Де Бласио изјави дека не ја сака Националната гарда, а гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека гардата нема да ја испрати доколку градоначалникот тоа не го сака.

За време на насилството, кое од понеделникот вечерта ги зафати заедниците кои живеат од едниот до другиот брег на земјата, полицајци се застрелани, прегазени и гаѓани со камења и шишиња.

Во Атланта полицијата истрела солзавец кон демонстрантите. Во Нешвил, повеќе од 60 припадници на Националната гарда ги спуштија штитовите по барање на мирни демонстранти. За време на протестите во градот Бафало, во државата Њујорк, возило влета во група полицајци, од кои тројца се повредени. Во Лас Вегас е тешко повреден полицаец, кој беше застрелан додека со своите колеги се обидувал да ги растера луѓето кои се собраа пред хотел-казино. Во Сент Луис, четворица полицајци беа застрелани.

-Веќе подолго време седиме на буре со барут што експлодира, рече полицискиот комесар на Филаделфија, Даниел Авто.

Во Филаделфија, каде што стотици демонстранти излегоа на автопатот што минува низ центарот на градот, градоначалникот Џими Кени ги опиша хаотичните сцени каде едно лице беше убиено додека се обидуваше со експлозив да ограби банкомат, додека сопственик на продавница пукаше во крадец, а 19-годишно момче починало од повреди здобиени при грабежот.

Некои демонстранти од актуелното движење сметаат дека протестите се неопходни поради серијата убиства за кои се обвинува полицијата.

-Се плашам за мојата безбедност секогаш кога возам некаде. Се плашам дека некој ќе ме запре. Се плашам за животите на моите 10 браќа и сестри, за животот на моите родители , изјави 19-годишната Амари Бароус од Паркланд, Флорида, која учествува на протестите.

Протестите низ САД се иницирани од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на кого еден од полицајците кои го апсеа од Минеаполис со колено му го притискаше вратот додека лежеше на земја. Џорџ Флојд почина, а полицискиот службеник Дерек Шовен е обвинет за неговото убиство.

Учесникот во протестите во Сент Пол, во Минесота, Џозеф Тава вели „тешко е да не се плашите“.

Во Ричмонд, Вирџинија, неколку стотици луѓе вчера се собраа пред градското собрание на протест против градоначалникот Левар Стони, кој се извини затоа што полицијата употреби солзавец кон мирните демонстранти.

Во меѓувреме, демократските гувернери ја отфрлија заканата на Трамп за испраќање трупи и предупредуваа дека потегот ќе биде опасен.

Неименуван висок функционер на Белата куќа вчера изјави дека, и покрај заканите на Трамп, целта е да се изврши притисок врз гувернерите да мобилизираат повеќе членови на Националната гарда.

Противниците на Трамп го обвинуваат за натамошно поттикнување конфликти и расни тензии, наместо да ја обедини земјата и да ги реши проблемите што доведоа до протестите.

-Претседателот Трамп има право да биде фокусиран на законот и редот. Тој не беше избран за да ги теши луѓето, изјави поранешниот член на изборната кампања Џејсон Милер.

Кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден, во својот вчерашен говор кажа дека ќе се обиде да ги залечи расните поделби во Америка и остро го критикуваше одговорот на Трамп на протестите.

Remote video URL

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе