Трамп и Бајден дебатираа за последен пад пред изборите

Кајгана/МИА
/ 23.10.2020 / 09:47

На претседателската дебата синоќа кандидатите Доналд Трамп и Џо Бајден голем дел од времето посветија на борбата со пандемијата на COVID-19 и меѓународни прашања. 

Оваа дискусија на кандидатите е и последна пред изборите закажани за 3 ноември. Наместо три имаше две дебати – едното телевизиско соочување беше откажано поради позитивниот резултат на Трампд на коронавирус.  

За разлика од првата дебата, која беше своевиден „бој без правила“, кога Трамп постојано го прекинуваше својот опонент, дебатата овој пат помина во многу поцивилизирана дискусија – имаше правило за исклучување на микрофоните доколку некој ги нарушува двете минути доделни за одговор и 30-те секунди на реплика, кое што ретко беше употребено. 

Првото и се чини најважно прашање беше за пандемијата и тоа како претседателот се справи со ширењето на вирусот во САД. 

Иако земјата стана една од најпогодените во светот, како и претходно Трамп го впери прстот кон Кина за „испуштање“ на коронавирост на глобално ниво, но и дека ја затворил границата за летови од Кина во јануари, a демократите тоа го нарекле „ксенофобија“.  

Бајден, демократски кандидат, и претседаелот, републиканец немаа големи разлики во тоа што треба да се прави во иднина за победа над вирусот – Трамп истакна дека земјата „гради илјадници апарати за белодробна вентилација, многу заштитни очила, маски и ракавици и ги испорачуваме низ целиот свет“. Тој е против затварање на школите и бизнисите што ќе ја оштети економијата.  

-Во Флорида имаше изблик (на вирусот) помина, во Аризона имаше изблик, во Тексас имаше изблик, поминаа. Њујорк не се справи, имаа над триесет илјади мртви“.  

Бајден истакна дека ако победи, ќе воведе задолжитлено носење маски низ целета земја. 

За меѓународната политика се зборуваше при отварање на други прашања. Така на пример, зборувајќи за вмешанота на Русија во американските избори, Бајден го обвини Трамп во ракување со непотврдени информации од Русија. . 

На дебатата се зборуваше и за односите на САД со Северна Кореја, вклучително и за неколкуте средби на Трамп со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, иако претходно такви средби се чинеа неприфатливи за еден американски лидер. Трамп изјави дека овие средби биле за да се избегне војна. 

-Сега (со Северна Кореја) имаме многу добри односи и нема војна, прецизираше тој. 

Бајден на ова критикуваше дека со овие средби „тој ја легитимираше Северна Кореја. Криминалецот и убиецот тој го нарече добар другар… како резултат, тие направија ракети способни да достигнат до територијата на САД многу полесно од порано, истакна демократскиот кандидат. -Тоа е исто како да зборуваш со Хитлер пред неговите напади на другите делови на Европа. 

Други теми на дебатат беа пристапот до здравствени услуги, социјалната нееднаквост, имиграцијата, расизмот, како и за пакетот мерки за малите бизниси и загрозените слоеви и оние со мали плати поради кризата со коронавирусот.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе